Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Македонија

Петрушевска: Само на СДСM и ДУИ не им беше јасна намерата на Бугарија, уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ јасно ги застапува државните интереси

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ алармираше и претходно и сега за актуелните случувања во Европскиот парламент, што ја засегаат земјава, и додаде дека на сите им беше јасна тенденцијата на источните соседи освен на СДСM и ДУИ.

„Се чини дека на сите им беше јасно но само не и на СДСM и ДУИ за тенденцијата на нашиот источен сосед кога станува збор за ова билатерално прашање и каде тоа нас не води односно каде тоа не не води. Денеска сведочевме дека европратеникот од Бугарија господинот Ковачев соопшти на јавноста дека е постигнат договор помеѓу најголемите политички партии во европскиот парламент во пресрет на сесијата на Европскиот парламент која што ќе се случи веќе наредната недела за нов амандман, со кој што ќе се избришат постоењето на македонскиот јазик во извештајот на известувачот Томас Вајц на сите места каде што се споменува“, рече Петрушевска.

Петрушевска истакна дека според актуелните случувања, уште еднаш се потврдува кредибилтетот на ВМРО-ДПМНЕ, што според неа, партијата алармираше уште за време на опозицијата, а и сега како парламентарно мнозинство.

Реклама

„Прво, се поставува денес прашање, дали во континуитет со однесувањето на Бугарија на нашиот источен сосед и на Комисијата за надворешни работи, и сега со новонајавеното соопштение за новиот амандман во Европскиот парламент. Не се прекршува темелот на основање на ЕУ а тоа е договорот на ЕУ, односно член 2 и второ, уште еднаш се потврдува кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ кога алармиравме и како опозицијата но и сега како парламентарно мнозинство и влада дека Бугарија нема да запре со барањата за вметнување на тестот и на Бугари во Уставот“, кажа Петрушевска.