Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Петрушевска: Амандманите на Левица ја покажуваат нивната хипокризија, реконструкцијата на студентските домови е веќе во тек

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година истакна дека двата амандмани поднесени од пратеничката група на Левица уште еднаш ја потврдуваат нивната хипокризија и лажна борба за интересите на студентите, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие два амандмани коишто ги има поднесено пратеникот од пратеничката група од Левица, ја потврдуваат нивната хипокризија, впрочем како што дојдоа преку лажни шарени вести и протести на улица, продолжуваат што до ден-денес не се појавуваат во Собрание за вистински да аргументираат за амандманите коишто ги имаат поднесено, и преферираат истите тие да ги објават во некој Фејсбук статус или евентуално некое видео на ТикТок, но никако да го искористат своето право токму тука на оваа седница“, вели Петрушевска.

Таа додаде дека амандманите на Левица покажуваат и недоволна информираност, особено во делот на реконструкцијата на студентските домови.

Реклама

“Реконструкцијата на студентските домови започна и тоа токму во „Кузман Јосифовски – Питу“,  „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, а истата реконструкција ќе продолжи и во останатите студентски домови, како што се и во Штип, Битола и во Струмица“, додаде Петрушевска.

Дополнително, таа потсети дека во изминатите 16 месеци е целосно дигитализиран процесот на доделување стипендии, а Владата продолжува со инвестиции во реконструкција на студентските домови, како и поддршка во образовниот процес на најмладите.