Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Општинскиот кризен штаб предлага олеснување на мерките во Струга

Барањата на општина Струга да се превземат итни мерки за изолација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барањата на општина Струга да се превземат итни мерки за изолација на селата каде има појава на опасниот вирус не издржаа ниту еден месец.Сега Општинскиот кризен штаб предлага олеснување на мерките. Иако во полицискиот билтен стои дека забраната за движење во изминативе 20-тина дена,ја прекршиле 60 лица,кои предизвикувале дури и инциденти,кризниот штаб бара од Владата да ги помилува лицата кои ја прекршиле мерката за движење за време на полициски час, оти постапката за издавање на дозвола за движење била нејасна за некои граѓани.

Поплаките од граѓаните беа дека не беше јасно кај треба да се обратат за време кога имале потреба да се движат.Исто така барате отворање на граничниот премин Ќафасан, на што се должи ова? Многу бизниси во Струга се поврзани со пограничните градови во Албанија,тука се вклучуваат и маркетите.Многу граѓани од Албанија доаѓаат тука да пазарат.Ние даваме предлози тоа е наша надлежност, пошто луѓето сакаат и да јадат, знаме дека економијата е веќе на земја – вели за Алфа Дашмир Насуфи – Координативен Совет.

Во списокот доставен до Влада е наведено и барање за скратување на полицискиот час ,отворање на хотелско-угостителските капацитети и редовно фунционирање на општинскиот линиски превоз,со селските средини кои беа жаришта на коронавирусот.

Реклама

Ваквите барања на општината се преуранети и неосновани велат епидемиолозите, со оглед на фактот што во струшко има 67 заболени лица, и 13 смртни случаи.

Не само што е опасно туку и е казниво,а казниво затоа што е опасно.Сега владее епидемија, пандемија целта е да се заштити здравјето на луѓето. Секој оној што тоа не го прави, може да одговара кривично.Значи нема потреба од дополнителни мерки сами да измислуваме. Секој може да креира барање, но да превземе на своја рака контра мерките, тоа е недозволиво – изјави Сашо Точко од Центар за јавно здравје Охрид.

Епидемиолозите укажуваат дека мора многу внимателни и полека да се олабавуваат мерките, посебно во средини како Струга, бидејќи многу лесно може заразата повторно да земе замав.

Росица Голабоска