Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.

Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето-плата на ниво на Македонија или кои, освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство, се невработени лица што живеат на територијата на oпштина Струмица.

Самохраните родители имаат право на ослободување од плаќање надомест за престој на своите деца доколку едниот од родителите е починат, едниот родител е непознат и детето е од разведен брак, а згрижувачките семејства треба да имаат стекнато статус на згрижувачко семејство.

Реклама

Повикот, заедно со пријавата, е објавен на општинската веб-страница со сите дополнителни информации и е отворен до 31 јануари.