Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Охрид во полн сјај за новогодишната ноќ

Бајковитиот град новогодишно, блесна во полн сјај,туристичкиот центар преполн, го собра Балканот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бајковитиот град новогодишно, блесна во полн сјај,туристичкиот центар преполн, го собра Балканот во мало. Домаќините и илјадниците гости заедно одбројувајќи на глас, ја дочекаа 2026-та.Многу радост, бакнежи и прегратки- се посакуваа желби,се овековечуваа спомени кои вечно ќе се паметат.На градскиот плоштад беше весело,оставајќи ја зад себе старата година,присутните зборуваа за своите скромни очекувања,но и нови надежи.

“Супер е атмосферата,македонска музика, супер е.Ги оправда Охрид вашите очекувања?Да.Која е твоја новогодишна желба? Да бидат сите среќни и весели,Господ здравје да дава на сите ;Па во 2026-та прво здравје, да сме здрави и живи сите и саканата личност.Едно прстенче чекаш 2026-та?А не рано е; Ние втор пат доаѓаме новогодишно овде,како велат,човек се враќа по втор пат,таму каде што му е убаво.Која е твоја новогодишна желба ?Моја новогодишна желба е да се оженам.Да ти најдеме македонка може? Ако, може.;Баш е убаво,вие сте многу пристојни луѓе кои знаат како се дочекуваат гости.Уживаме во забавата на плоштад.Посакувам сите луѓе да бидат здрави,добри и да немаат лоша мисла”-велат туристите.

Задоволен од атмосферата меѓу стутканите, со шалови и капи присутен беше и таткото на градот,кој славеше со своите сограѓани и многубројните гости.

Реклама

 “Посакувам многу среќа, радост, надополнета со љубов и благосостојба. Секако многу подобар Охрид и многу подобра Македонија,тоа го посаквам не сам на сите граѓани на Охрид туку и на Македонија.Искрено верувам дека тоа ќе се случи, дека 2026-та ќе биде навистина добра година за сите нас “- вели Кирил Пецаков,градоначаник на Охрид

Гградот празнично заживеа и потсети на времињата кога на ривиерата празнуваа и по 30.000 гости. Инаку и денес,ништо не можеше даги поколеба бројните гости  да уживаат обиколувајќи го древниот град како и во забавата која на гратскиот проштад продолжи и денес.

“Охрид е фантастичен,имавме преубаво лето сега имавме одличен дочек на нова година.Градот е фантастичен,гостољубов, природата воодушевува.Се чувствуваме многу поубаво дури и од дома;Јас се одомаќинив овде,бев во септември и сега пак.Охрид е многу популарна дестинација кај младите во Србија;Не има многу дојдовме преку ангенција,цената на аранжманот беше приступачна, а имавме и голем попуст што е одличен гест;Многу ми се допаѓа,прв пат сум овде единствено знаев дека има езеро,а всушност Охрид е град музеј“ – велат туристите.

Охрид синоќа ликуваше во мирен амбиент, со помали нарушувања на јавниот ред и мир.Во итната медицинска помош имале зголемен обем на работа.После многу години,еден час по полноќ се слушна бебешки плач.Во новата година во Охрид има четири женски  новореденчиња.Првото е родени еден час по полноќ.