Реклама

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Македонија

Огромен интерес за мерките за самовработување – пристигнати над 6.000 апликации

Над 6.000 апликации за владината мерка за самовработување. Премиерот ги додели првите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 6.000 апликации за владината мерка за самовработување. Премиерот ги додели првите ваучери за изработка на бизнис план и порача дека се повеќе граѓани сакаат да ја преземат својата професионална иднина во свои раце. Со тоа, ќе се отвораат се повеќе бизници и нови работни места, што ќе придонесе за зајакнување на економијата.

Вкупната програма е дел од Оперативниот план за 2025 година, вреден над 40 милиони евра, со што ќе бидат опфатени над 16 и пол илјади луѓе, најмногу досега. Поради огромниот интерес, прераспределени се дополнителни средства.

Досега се издадени 2.916 ваучери за изработка на бизнис-план, а оценети се 2.681 апликации – од кои 1.140 се на млади до 29 години, 912 на лица над 29, и 629 на правни субјекти регистрирани како ДОО. Во тек е процесот за 2.545 нови договори за грант, по што следува дводневната обука за претприемачките вештини. Од вкупниот број апликации, 3.296 ги поднеле млади до 29 години, што премиерот го оцени како „посебно охрабрувачки – рече директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули.

Реклама

Според надлежните, обезбедена е рекордно зголемена финансиска подддршка. 7.000 евра за луѓе над 29 години, или 14.000 евра при здружување, 10.000 евра за млади до 29 години, или 20.000 евра при здружување.

Со годинашниот Оперативен план Владата вложува над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, самовработување и поддршка на претприемништвото. Преку мерките се очекува опфат на повеќе од 16.000 невработени лица низ различни програми, обуки и субвенционирани можности за вработување, рече министерот за економија Дурмиши.

Премиерот порача дека државата стои зад секој претприемач кој сака да започне сопствен бизнис. Вели, не потпишуваме само договори – туку и внесуваме нова енергија во економијата.

Денеска е важен ден и важен чекор за сите што сакаат да ја преземат иднината во свои раце. Sамовработувањето е една од најуспешните и најатрактивните програми во рамки на Оперативниот план.  Оваа мерка е истовремено и силен инструмент во нашата стратешка борба против невработеноста. Наместо пасивни мерки и чекање на пригодни околности, ние ја менуваме филозофијата – од држава што само обезбедува социјална поддршка, во држава што создава можности и охрабрува личен напредок – истакна Мицкоски.

Надлежните уверуваат дека оперативниот план придонесува за отворање нови мали бизниси низ целата земја, од занаетчиски работилници и ИТ-стартапи, па се до мали производствени фирми. Ова е осомено важно во помалите општини каде нема големи фабрики или инвестиции, па луѓето добиваат шанса сами да си обезбедат работа и иднина.