Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Одземени пасошите на осомничените за злоупотреби со стоковите резерви

Основниот кривичен суд Скопје денеска потврди дека судија на претходна постапка го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје денеска потврди дека судија на претходна постапка го прифатил предлогот на скопското Основно јавно обвинителство на петтемина осомничени за злоупотреби во Агенцијата за стокови резерви да им бидат определени мерки на претпазливост.

На осомничените им се одземени пасошите и им е определено редовно да се јавуваат во судот додека трае истрагата.

Со истрагата се опфатени поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски, екс директорите на јавното претпријатие „Агроберза“ и на Агенцијата за стокови резерви, вешто лице и раководител во Агенцијата за стокови резерви.

Реклама

Како што соопштија вчера од Јавното обвинителство, тие се товарат за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, додека осомничените биле на функциите, бил направен отпис на поголемо количество меркантилна пченица и јачмен, со што државниот буџет бил оштетен за околу 780.000 евра.