Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Од Дебарското муфтиство на аџилак во Мека и Медина заминуваат 71 верник, ја примија потребната вакцина

Од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, годинава во посета на светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот, ќе заминат 71 верник. 

– За исполнување на петтиот столб од исламот, од нашето муфтиство ќе заминат 71 верник. Тргнувањето од скопскиот аеродром е на 17 мај во 16:30 часот, од каде заедно со други верници ќе патуваат со чартер летови, изјави Орхан Зенго, секретар на Дебарското муфтиство. 

Најголем број верници кои заминале на аџилак имало во 2024 година – 100, минатата година 84, а во 2022 година 12 верници.

Реклама

-Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Во Општата болница со проширена дејност во Дебар задолжителната вакцинација беше успешно спроведена, како дел од подготовките за овогодинешниот хаџ. Во оваа пригода, изразуваме искрена благодарност до сите аџии за нивната дисциплина, соработка и сериозен пристап кон оваа важна задача и посебно до медицинскиот персонал за нивниот професионализам и посветеност, рече Зенго. 

Како што претходно информираше Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница, годинава на аџилак ќе заминат 2020 верници од нашата земја, што е идентична бројка како минатата година. 

-Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година.  Верниците ќе патуваат од 14 до 21 мај, со  авионски чартер летови. Во однос на возраста, годинава оние кои патуваат на хаџ припаѓаат на помладата генерација а највозрасниот е 75-годишник. Цената за аранжман за Хаџ е 6.950  евра, додаде Јакупи.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 27 мај и секогаш се слави четири дена.