Реклама
Македонија

Обилни дождови – Македонија е во жолта предупредувачка фаза, обилно ќе врне и ќе дува силен ветер

Денеска целата територија на Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска целата територија на Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен јужен ветер и со услови за локална појава на грмежи. Локално, овие процеси може да бидат застапени и во форма на невреме.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4–6 степени во споредба со денешните.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.