Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Нови вработувања и поголем буџет – Клиничка болница Штип најавува кадровско зајакнување

Со нови вработувања на околу шеесетина лица до крајот на годината, штипската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со нови вработувања на околу шеесетина лица до крајот на годината, штипската Клиничка болница најавува јакнење на здравствениот кадар. Веќе е добиена согласност за продолжување на договорите на определено време, а во тек е постапка за вработување на неопределено за 25 работни позиции. Дополнително, во рамки на втората фаза од проектот на Министерството за здравство, се очекува вработување и на приватни специјализанти, што ќе придонесе за значително кадровско зајакнување на установата.

„Во понеделникот го пуштивме договорот за вработување на неопределено за 25. Оптимистички е и тие 31 што се на определено да ги трансформираме на неопределено. Тоа би било околу 56 до 60 вработувања. Дополнително, се надеваме на втората етапа од вработување на приватните специјализанти“, изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Во најавените нови вработувања, фокусот ќе биде ставен на средниот и техничкиот персонал, кадар со кој болницата во моментот најмногу кубури.

Реклама

„Ќе има помалку доктори. Повеќе е среден и технички персонал, болничари, медицински сестри, шофери, а ќе има и вработување на административен кадар – економист, правник“, изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Буџетот на Клиничката болница се планира да се зголеми за 10 до 15 отсто, откако лани изнесуваше околу 870 милиони денари. Планирана е набавка и сервисирање на медицинска опрема, а ќе се реконструира и потпорниот ѕид, кој поради обилните врнежи од дожд падна и оштети две возила.