Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Нов скандалозен тендер – Владата за 350 илјади евра, преку мистериозна фирма ќе не убедува колку било убаво во ЕУ

Нови 350 илјади евра ќе даде Владата да ги убедува граѓаните за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 350 илјади евра ќе даде Владата да ги убедува граѓаните за убавината од членството во Европската Унија. Малку беа 80 илјади евра од Секретарјатот за европски прашања на Бојан Маричиќ и кампањата „Ние сме Европа“, па сега Владата ќе троши уште повеќе народни пари.

  • Промотивната кампања која е предмет на договорот има за цел да креира свесност за придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, да ја информира јавноста преку структурирани и лесно разбирливи информации за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија,“ одговараат од Илинденска на прашањето на Алфа. 

Владата ќе не убедува дека ЕУ е позитивна работа, иако мнозинството граѓани не го ни спорат членството туку патот до него односно преговарачката рамка и бугарските уцени.

Од Илинденска на прашањето на Алфа одговараат и дека ќе ги информирале граѓаните за реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности .

Реклама
  • Исто така има за цел да ја потврди и зајакне посветеноста на Владата на Република Македонија на европскиот пат и остварување на стратешката цел полноправно членство во ЕУ и да придонесе кон поширока поддршка на процесот на европеизација на општеството“ велат од Владата за Алфа.

Владиниот секретаријат ќе даде 18 ипол милиони денари за изработка на слога, дизајн на лого, изработка на графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, ПР стратегии.

Кампањата според договорот треба да трае 45 дена и за тоа време скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да обедбеди и дигатално рекламирање на социјалните мрежи за предностите како членка на ЕУ.  

  • Кампањата треба да трае 45 дена и да се реализира по склучувањето на договорот за јавна набавка и по поднесеното барање за започнување на кампањата, а по завршувањето на подготвителните активности за реализација“ – стои во Договорот .

Договорот е склучен со „Вертиго НМЕ“ ДОО Скопје за која овој договор е прв според сајтот за јавни набавки.

На скопска фирма телефонскиот број кој може да се најде на интернет – не постои.  Побаравме и официјална веб страница, но и тоа беше без успешно со името кое е наведено во договорот. На пребарување на интернет не може да се најде ништо за оваа фирма, ниту што работеле ниту како работеле иако во Централниот регистар е заведено дека таа е била формирана во март 2011 година.   

Пред само два месеци владата односно Секретарјатот за европски прашања на Бојан Маричиќ одвои 80 илјади евра за едно-месечна кампањата „Ние сме Европа“ со која требаше да ги убеди граѓаните за уставните измени, а кои се повеќе се евроскептицисти според мерењата на јавното мислење.