Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Нов притвор од 48 часа за насилниот сопруг и татко од Карпош

Се проширува истрагата за трагедијата во Карпош, во која животот го загубија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се проширува истрагата за трагедијата во Карпош, во која животот го загубија мајка и ќерка по пад од зграда. За нови 48 часа е продолжен притворот на Стојанче Јовановски сопруг и татко на загинатите. Од Основното јавно обвинителство велат дека мерката е неопходна за потребите на истрагата.

Се вештачат три мобилни телефони на осомничениот, а истражителите прибираат и анализираат видео снимки од повеќе критични локации. Се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство поврзани со осомничениот и починатата жена.

“Се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена.Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов”, велат од ОЈО.

Реклама

Во случајот со Јовановски, клучен за истрагата ќе биде обдукцискиот наод. Од Судска медицина само споделуваат дека извештајот е готов, но не откриваат повеќе детали.

Инспектори се уште го чешлаат Центарот за социјални работи, каде претходно се воделе постапки..

Јовановски бил добро познат на полицијата против него биле поднесени 10 кривични пријави, меѓу кои за кражби и дрога, а имал и повеќе пријави за семејно насилство.Сопружниците воделе три бракоразводни постапки, а против Јовановски имало и две правосилни пресуди за насилство

Измените на Кривичниот законик за гонење на насилникот по службена должност стапија на сила пред речиси еден месец. Со нив, полицијата може да го гони оној што физички малтретира и без жртвата да го пријави.

Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот загинаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Обвинителството Јовановски го сомничи дека ја навел на самоубиство, физички ја малтретирал и и ја загрозил сигурноста.