Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Нов модел на специјализации, прво стабилен интернист и стабилен општ хирург, а потоа супспецијализација онаму каде што треба

Министерството за здравство го менува моделот на специјализации со кои отсега специјализациите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство го менува моделот на специјализации со кои отсега специјализациите ќе бидат општи, а потоа ќе се оди со супспецијализација. Целта е да се одговори на реалните потреби на граѓаните надвор од клиничките болници. Програмите ќе бидат унифицирани за сите три медицински факултети во земјава.

Министерот за здравство Азир Алиу кој денеска на прес-конференција го презентираше новиот модел, рече тоа значи прво да се има стабилен интернист и општ хирург, а потоа онаму каде што има потреба ќе продолжи процесот на образование со кардиологија, гастроентерохепатологија, еднокринологија и други области како супспецијалистичка надградба. 

– На тој начин, здравствениот систем ќе добие рамномерно дисперзиран медицински кадар, а кој ќе може да понуди специјалистички третман на хронични болести, итни состојби, да обезбеди континуитет на терапија, навремена дијагностика и правилно упатување кон терциерното здравство. Суштината на новите програми е едноставна, но воедно и храбра, односно се напушта логиката на премногу тесно профилирани специјализации како почетна точка и се гради силна, општа клиничка основа, врз која потоа рационално ќе се надградува преку супспецијализации. Тоа значи прво стабилен интернист и стабилен општ хирург, а потоа таму каде што има потреба процесот на образование ќе продолжи со  кардиологија, гастроентерохепатологија, ендокринологија и други области како супспецијалистичка надградба, подвлече Алиу.

Реклама

Новиот модел на специјализации е инициран од Лекарската комора поради тоа што е констатирано дека постоечкиот модел не е добар. 

– Ние имаме потреба да им овозможиме на докторите што учеле да може да прегледуваат пациенти, и доколку има потреба понатаму да ги упатат во соодветна установа на повисоко ниво. Сегашните специјализации се предолги ако ги споредиме со супспецијализациите и токму затоа заеднички го дефиниравме овој нов модел, истакна д-р Калина Гривчева Старделова.

Деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ рече дека искуството покажало оти има многу специјализации на места каде не треба и дека сега се соочуваме со ситуација да треба да ги вратиме општите специјализации, а потоа да се оди со супспецијализација од две години. Појасни дека порано имало специјализации каде морало прво да се биде општ специјалист или општ интернист и овие специјализации траеле четири години, со што биле задоволени сите потреби на болниците во секундарното јавно здравство, додека на клиниките и некои од поголемите болници, како ГОБ „8 Септември“ имало потреба од дополнително високо специјализиран кадар и биле упатувани на супспецијализации кои траеле две години.