Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Ниту една фирма се уште се нема пријавено на вториот тендер за нова компресорска станица на Клинички

Ниту една компанија засега не се јавила на новиот тендер за набавка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту една компанија засега не се јавила на новиот тендер за набавка на нова компресорска станица на Клинички. Јавниот повик е објавен веќе пет дена од страна на Министерството за здравство.Таравари ги повика сите фирми кои се заинтересирани да се пријават . Уверува дека еден од условите во тендерот ќе биде пократки рокови за поставување на новиот систем.

Се надевам дека ќе се пријави, за да го решиме овој проблем барем ако е можно до крајот на годината, изјави Таравари.

Доколку пропадне и вториот тендер, министерот тврди дека Министерството за здравство ќе потпише директен договор со некој набавувач за хируршките сали побрзо да профункционираат повторно.

Реклама

Ние најдовме „бекап“ за да функционираат и ќе функционираат, освен ако почне фирмата да ги инсталира, ќе ни бидат потребни 10 дена да не работат воопшто салите, додека се исклучат старите и се воведат новите компресори. Иста прилика, после 32 години реновираме и ставаме нови компресори по сите стандарди како што треба” – вели министерот.

Во меѓувреме, на хирушките клиники се оперира со надворешни компресори кои се привремено решение, а поради намалениот обем на работа листите за чекање се зголемуваат.

Хаваријата во хируршкиот блок настана во мај, кога операционите сали извесен период беа затворени поради непријатна миризба. Во јавноста излегоа информации дека причина за смрдеата е опасниот формалдехид во доводот кој не е во употреба, но дополнителните мерења не покажаа присуство на ова хемиско соединение над дозволеното во салите. Од Клиника за трауматологија, анестезија, реанимација информираа дека се преземени дополнителни превентивни мерки,  вклучувајќи почести и ненајавени мерења на квалитетот на воздухот во хируршкиот блок за поголема безбедност и на персоналот и на пациентите.

Дали има елементи на кривично дело испитува и обвнителството, а предметот е во предистражна постапка.