Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Николоски: Заштитата на Охридското езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата

Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ, истакна денеска вицепремиерот Александар Николоски на состанокот на експретско ниво за заштитата на сливот на река Дрим и Охридското сливно подрачје.

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање истакна дека Владата преку системски мерки презема активности за заштита на водите, потенцирајќи ги акционите планови кои ги реализираат ресорните министерства во насока на заштитата на природните ресурси.

„За нас, заштитата на водата и водните ресурси е од големо значење. Чистата вода не е само природно богатство, туку и цивилизациска вредност што го одредува квалитетот на животот и одржливоста на идните генерации. Сливот на реката Дрим, кој опфаќа неколку земји и култури, ја симболизира нашата меѓузависност и колективна одговорност, но е и регион за градење политичка соработка, како и за развој на одржлива економија. Дрим не е само река, Дрим е наше природно богатство и наследство, а во исто време сливот на реката Дрим е регион со огромен капацитет за развој на инфраструктурата и туризмот. Водите на Охридското Езеро претставуваат културна вредност, туристички потенцијал и важен економски двигател. Чистата вода станува ресурс што создава можности, работни места и ни овозможува меѓународно препознавање“, истакна вицепремиерот Николоски.

Реклама

Тој дополни дека Владата активно работи на спроведување на Стратегијата за рехабилитација на природното и културното наследство на охридскиот регион, а истакна и силна подршка на меѓународниот проект за заштита на сливот на река Дрим.

„Во овој поглед, силно го поддржуваме проектот ГЕФ на охридското крајбрежје, како и напорите на Глобалното партнерство за води – Медитеран. Сите мора заеднички да се фокусираме на борбата против различните форми на загадување на водата и да создадеме еколошки пристап што ќе произведе здрави екосистеми и долгорочна безбедност на водата“, рече вицепремиерот Николоски.

Состанокот беше во организација на Дрим Кор Групата на кој се разговараше за идните мерки и активости за заштита на сливото подрачје на реката Дрим.