Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Николоски: Работиме на нов царински систем со Србија и Албанија што ќе овозможи електронско препознавање на камионите на граница без застанување

На седница на Влада во вторникот се определени дополнителни средства од 1.450.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На седница на Влада во вторникот се определени дополнителни средства од 1.450.000 евра, што ќе се додадат на веќе определените 3,8 милиони евра од Светската банка за новиот царински систем „new single window system“ што веќе во прва фаза со Македонија го воведуваат и Албанија и Србија, а во втора фаза треба да го воведат и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираше потпретседателот на Владата и министер за транспорт Алексаднар Николоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Идејата, како што посочи Николоски, е кога ќе се тргне во карго сообраќај, камионите доколку ги имаат претходно електронски пополнето сите документи и се е уредно, кога ќе дојдат на граница електронски да се препознаваат регистарските таблички и рампата за нив се отвора без воопшто да застанат на граница.

-Тоа значи дека теоретски ако одредена роба се истовари во Драч и се носи за Белград нема да има застанување кога истото ќе го воведат и Албанија и Србија. А, во моментот кога ние ќе го воведеме, отпрлика е рок од година дена, на наша страна нема да има застанување, што многу ќе помогне и во намалување на потенцијална корупција на царината, затоа што со самото тоа што целосно ќе биде дигитализирано и веќе оние што работат на граничните премини ќе немаат никаква улога во делот на контрола на камионите. Секако оние што ги немаат сите документи и не ги исполнуваат условите ќе треба да бидат проверени, изјави Николоски.

Реклама

Идејата, како што појасни Николоски, е да се интегрираат десет различни институции од Агенција за храна, фитосанитарни инспекции, УЈП и т.н. кои, како што рече, ќе треба зеднички да работат и да има интероперабилност со што ќе се овозможи брз проток на македонските граници и намалување на можностите за потенцијална корупција.

Николоски, исто така, информираше дека веќе постигнале договор со Грција да обезбедат грант и се во доста напредна фаза за проширување на досегашните шест ленти на ГП „Богородица“ на 11 ленти, така што би имало далеку побрз проток на границата од тоа што е сега и очекувам на пролет негде да почне да се работи.

Со Србија веќе имаме „one stop shop“, посочи Николоски, нагласувајќи дека во тек е целосна реконструкција на два гранични премини на Коридорот 8, ГП „Ќафасан“ е веќе целосно завршен, а ГП „Деве Баир“ е во напредна фаза, и веќе се работи на втора фаза каде треба да бидат интегрирани сите институции присутни на границата.