Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Николоски: Ќе продолжиме да се бориме за младите да ги зачуваме во Македонија

Почитувани пријатели од четвртата изборна единица. Би сакал да ви се заблагодарам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани пријатели од четвртата изборна единица.

Би сакал да ви се заблагодарам на сите кои што излеговте на Парламентарните избори и со својот глас придонесовте во развојот на демократијата во Македонија.

Особено би сакал да се заблагодарам на преку 75 илјади жители на четвртата Изборна Единица кои што го подржаа бројот 14 и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е највисок резултат за ВМРО-ДПМНЕ од сите шест изборни единици. Јас сум благодарен за вашата поддршка, исто така ВМРО-ДПМНЕ е благодарно за вашата поддршка. Од вкупно 19 општини во четвртата Изборна Единица, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини, а во две општини беше нерешено. Да го немаше масовниот поткуп и притисоците и уцените коие што се случија, ќе победевме и во останатите општини. За жал вчерашниот ден, како и целата кампања, беше пример како функционира власта на Зоран Заев, масовен поткуп, притисоци, уцени и закани. Двајца градоначалници од редовите на СДСМ беа фатени како вршат поткуп, а бројни други активисти и функционери на СДСМ го правеа истото. Го повикувам Обвинителството и надлежните органи, да реагираат и да ги расчистат овие инциденти затоа што овие инциденти го нарушија демократскиот процес на изразување на слободната волја на граѓаните.

Реклама

И покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во четвртата изборна единица. Зоран Заев не успеа да победи дома, Зоран Заев не успеа да победи во четвртата изборна единица. И затоа со сите пријатели, со сите подржувачи во четвртата изборна единица ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за младите да ги зачуваме во Македонија, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на тутунот, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на земјоделските производи, ќе продолжиме да се бориме против зелената мафија и ќе продолжиме да се бориме за економската благосостојба на четворката.

Заедно продолжуваме!

 

https://www.facebook.com/129897493841649/posts/1616870851810965/