Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Економија

Николоски: Антидемократски структури сѐ уште се борат против демократска Македонија, сѐ уште сакаат да владеат со Македонија

Антидемократски структури сѐ уште се борат против демократска Македонија, сѐ уште сакаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антидемократски структури сѐ уште се борат против демократска Македонија, сѐ уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат како се злоупотребува Тајната служба и секогаш тоа е против ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност, време е Обвинителите и судиите да го положат испитот и да донесат разрешници бидејќи граѓаните тоа го очекуваат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се наведува во денешното соопштение од партијата, што МИА го пренесува целосно.

Тој додава дека по влезот на земјата во НАТО биле креирани лажни извештаи за членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои биле дискредитирани во странски земји.

„Ова за жал е пракса која се повторува од Независна Македонија. До сега можам да се сетам на три претходни случаи кога се злоупотребувала Тајната служба. Дали тоа било во деведесеттите години, дали беше аферата Големото уво или беа прислушкуваните разговори и еве за жал четврти пат се злоупотребува и секогаш жртва е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно говори дека антидемократските елементи во општеството се борат против демократско ВМРО-ДПМНЕ затоа што не сакаат демократија во Македонија и не сакаат демократските структури да надвладеат во Македонија. Тие сакаат структурите на поранешниот комунистички режим на поранешна Југославија да продолжат да владеат со Македонија. Ние се спротивставуваме на тоа и затоа ова се случува. Така што работата е многу поголема отколку што изгледа и има многу подлабока позадина. Точно е дека јас алармирав додека бевме во опозиција, дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ е следен, дека видни членови вклучувајќи и себе на партијата се следени, новинари бизнисмени се следени итн. Но алармиравме и за една друга работа, а дека тоа е дека другата безбедноста агенција, а тоа е Агенцијата за разузнавање создавала лажни извештаи особено после членството на Македонија во НАТО со кои се оцрнуваа луѓе со провакво или пронакво влијание коешто е различно од прозападното влијание иако тоа е смешно да се тврди особено за ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид историјата на партијата и кои сите сме ние и каква семејна позадина имаме, идеолошка и политичка позадина имаме. Но тоа беа извештаи кои беа создавани со цел да биде дескридитирано раководството на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, ниту едната ниту другата операција успеа, промените се случија на минатогодишните парламентарни избори, сега е време за одговорност. Сега работата е во рацете на правосудните органи, досега многу често паѓаа на испитот, се надевам дека овој пат ќе го положат. Јавноста и граѓаните очекуваат разрешници, очекуваат одговори и тие одговори можат да се дадат само низ правосудните органи. Обвинителите и судиите да го кажат последниот збор, затоа што така е во една демократска држава. Јас се надевам дека тие тоа ќе го направат, во спротивно и тие можат да станат жртви, еве гледате има шпекулации дека за еден поранешен Јавен обвинител била жртва на следење, така што или да ги постават демократските механизми во Македонија или самите ќе станат жртва“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.