Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Невладината „Лаг Агро Лидер“ од Прилеп го објави прелиминарниот извештај од набљудувањето на Локалните избори

Невладината „Лаг Агро Лидер“ од Прилеп, една од десетте граѓански здруженија кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невладината „Лаг Агро Лидер“ од Прилеп, една од десетте граѓански здруженија кои со 20 набљудувачи во 26 општини ги мониторираа Локалните избори 2025 го објави прелиминарниот извештај. Во него е забележано дека во повеќе случаи се користени јавни објекти и други административни ресурси на локално ниво, но исто така евидентно и забележано користење на помал број службени возила во кампањата. 

Според Даниела Цветаноска, претседателка на невладината „Лаг Агро Лидер“ од вкупно 1093 настани и активности кои се следеле, во повеќе од 300 случаи биле користени јавни објекти и други административни ресурси на локално ниво за координација, логистика, складирање, но и за промоција на партиски кандидати. Најчесто биле користени детските градинки, училиштата, културните домови, административните згради, музеи, галерии, стои, меѓу другото, во прелиминарниот извештај за првиот мониторинг што се спроведе во нашава земја за време на локалните избори. 

-Она што изненадува е дека евидентно е забележано користење на помал број службени возила во кампањата, од 26 мониторирани општини, само во 7 општини имаше користење на државни службени возила. Од друга страна, пак, користењето на јавни финансирани објекти, објави, официјални отворања, беше навистина во подем. Во сите општини се случуваше да се користат сите овие административни ресурси и да се злоупотребуваат при што бројни државни службеници во работно време присуствуваа на партиски настани, на митинзи и беа дел од кампањата. Актуелни градоначалници и советници се појавуваа и имаа измешана улога на актуелни градоначалници и кандидати.  Во поголемите, урбани општини евидентно беше присуството на високи државни функционери. Тоа особено се забележа и беше во пораст помеѓу двата изборни круга, вели Цветаноска.

Реклама

Според прелиминарниот извештај, најголема злоупотреба имало во малите, рурални мултиетнички општини.

-Најголемата злоупотреба на административните ресурси беше во малите мултиетнички општини, каде населението не е запознато што значи злоупотреба на административни ресурси и се сфаќа дека тоа е вообичаено и нормално да се прави, додава Цветаноска.

Во овој извештај има препораки за санционирање на прекршителите, законски рамки што и кога јавен објект може да се користи, како и контрола на објави.

-Препораките со овој извештај се во насока на промена на законската регулатива каде ќе има казни и санции на оние што прават злоупотреба на локалните административни ресурси за време на изборите. Потоа, ажурирање и целосно дополнување на регистерот за службени возила. Иако тој процес е започнат, но не е завршен, а се евидентни подобрувањата на користење на службените возила. Потоа, регулација во делот на медиумите, особено регулација на фејсбук страниците, веб-страниците на општините, вели Цветаноска.

Се препорачува јасна дефиниција што претставува јавен објект и дали може да се користат јавни простории, контрола и транспарентност во користењето јавни ресурси. Потребни се обуки и на јавни службеници што смеат а што не смеат за време на изборен процес.

-За сите јавни објекти да се издаваат ценовници, листа на одобрени барања, ограничување на промоција на финансирани проекти во изборен период, односно, да се воведе временска забрана за промоција на нови проекти и нови активности, обуки и насоки за јавните институции со упатства за однесување во изборниот период, а ќе ги добијат општините, јавните претпријатија, училиштата, установите, зајакнување на капацитетот на граѓанските организации, дигитален мониторинг, економска анализа на јавни трошоци и посебни препораки за рурални и мултиетнички општини каде злоупотребата на административни ресурси нема да биде толку вообичаена, објаснува Цветаноска.

Во наредниот период се очекува финалниот извештај кој ќе биде испратен до Државната изборна комисија со сите јасни процедури, правила и препораки.

Набљудувањето ќе продолжи и ќе се следи колку и дали се реализираат предизборните ветувања на сега веќе новите градоначалници. Мониторингот се спроведуваше од 15 септември до 2 ноември.