Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Наградени македонските ученици кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари, Јаневска најави унапредување на моделот на финансиска едукација

– Второ место меѓу тимови од 30 држави, меѓу 73 илјади натпреварувачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Второ место меѓу тимови од 30 држави, меѓу 73 илјади натпреварувачи е многу високо достигнување и потврда дека Македонија има талентирани и едуцирани деца кои одлично ги познаваат економските процеси, знаат да планираат буџет и да управуваат со пари и финансиски ризици, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на доделувањето на наградите на ученичкиот тим кој ја претстави Македонија на Европскиот квиз на пари 2025 година, што го организира Европската банкарска федерација.

– Министерството за образование и наука се заложува да ја подигне финансиската писменост меѓу сите млади. Важно е и затоа ќе започнеме посериозна соработка со финансиските институции како Народната банка, Македонската банкарска асоцијација и Комисијата за хартии од вредност и заеднички ќе го обликуваме моделот преку кој уште поефективно, финансиски ќе ги едуцираме новите генерации, рече Јаневска.

Информираше дека државата ги зголеми средствата за поддршка на талентираните ученици, за да може без било какви грижи, во иднина да учествуваат на големи меѓународни натпревари и олимпијади.

Реклама

– Првенствено заради вас, заслужувате поддршка во градењето на талентот. Но и да му покажеме на светот дека и оваа земја има извонредни деца кои се подготвени да управуваат со општествените процеси и да учествуваат во креирањето и насочувањето на глобалните текови и трендови, додаде министерката.

Изрази благодарност до Македонската банкарска асоцијација што го организира националниот квиз за пари и порача активноста да продолжи и во иднина, затоа што го стимулира натпреварувачкиот дух на младите и придонесува во градење на финансиски писмени и одговорни генерации.

Награди на денешниот настан им беа доделени и на учениците кои ги освоија второто и третото место на националниот квиз на пари.

На годинешниот Европски квиз за парите на кој се натпреваруваат ученици на возраст од 12 до 15 години, второто место го освоија македонските ученици Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска. Тимот од Италија го освои првото место, додека третото место ѝ припадна на Шведска.

Претставници од Македонија второто место освоија и во 2019 и 2020 година, а во 2024 година беа третонаградени.