Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

На Попова Шапка 74 сантиметри снег

Во државава најниска температура изутрина во 7 часот е измерена во Берово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во државава најниска температура изутрина во 7 часот е измерена во Берово – 3 степени и во Маврови Анови  и Попова Шапка, – 1 степен. Нула степени во Битола и Скопје-Петровец, 1 во Струмица, Тетово и Крива Паланка, 2 во Прилеп, Куманово, Велес, Претор, Охрид и Штип, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Kрушево, 4 во Виница, Кавадарци и Гевгелија.

На Попова Шапка има 74 сантиметри снег. 

УХМР за претпладнево најави сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северните и северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.

Реклама

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.