Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

МВР уапси тројца насилници: Едниот пукал во сопругата, друг обљубил 22 годишна девојка, трет тргнал да ја тепа ќерката

Тројца насилници уапсени во еден ден. Едниот пукал кон својата сопруга, физички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца насилници уапсени во еден ден. Едниот пукал кон својата сопруга, физички ја нападнал  ќерката, а се заканувал на трите ќерки. Другиот извршил обљуба на 22 годишна девојка, и го одземал телефонот и не дозволувал да ја алармира полицијата. Третиот тргнал да ја тепа својата ќерка.  

Синоќа на 40 минути по полноќ приведен е 55 годиншен насилник од Кисела Вода. Како што информираат од МВР, тој од својот пиштол испукал еден куршум кон 48 годишната сопруга, кој завршил во прозорец. По што отишол и се закнувал на трите ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, а средната ќерка и физички ја нападнал.

На час и половина пред полноќ, насилникот го повторил насилството, повторно со пиштол и се заканувал на сопругата, но ќерките го спречиле да го употреби огненото оружје. Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Реклама

-Знам дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица и за истиот ќе се преземаат дејствија, согласно она што кое што го имаме утврдено како фактичка состојба. Битно е дека во конкретната ситуација за среќа немаме смртни последици. Повеќе детали не би сакал да споделам во овој момент, изјави првиот полицаец Панче Тошковски.

25 годишник пак заврши со лисици на рацете, бидејќи физички нападнал, обљубил и и се заканувал на 22 годишна девојка.

-Истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел нејзиниот мобилен телефон и на 04.03.2026 истата успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, истата алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила, велат од МВР.

Вчера во раните утрински часови лисици доби и 54 годишник од Сарај.

-Според пријавеното, тој околу 5 часот во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели, велат од МВР.

Овие пријави за семејно насилство доаѓаат по трагичниот настан од пред неколку дена, кога Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот загинаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Обвинителството го сомничи сопругот и татко на жртвите, Стојанче Јовановски дека својата сопруга ја навел на самоубиство, физички ја малтретирал и и ја загрозил сигурноста.

Матеја Петровски