Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција, нагласил министерот за надворешни работи и надворешна тровија Тимчо Муцунски на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, што се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања.

Муцунски, како што соопшти МНРиНТ, се обратил на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Во дискусијата, министерот Муцунски нагласил дека во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција.

Реклама

-Државата го доби кандидатскиот статус за членство во Европската Унија заедно со Хрватска, која денес веќе е членка на Унијата, а во изминатите години направивме сериозни национални отстапки. Нашето општество е проевропско, Владата е фокусирана на европските реформи и на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но очекуваме процесот на проширување да биде јасен, кредибилен и предвидлив, истакнал Муцунски во рамки на панел-дискусијата.

Тој додал дека државата е посветена на тоа да биде предвидлив партнер на Европската Унија, но дека истата таква предвидливост и кредибилност се очекуваат и од земјите членки.

-Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки. Знаеме дека припаѓаме на Европа, но очекуваме таа предвидливост да биде целосно реципрочна, нагласил Муцунски.

Воедно, тој ја нагласил и стратешката важност на Коридорите 8 и 10, како од безбедносна така и од трговска перспектива.

-Нашиот фокус во моментов е на два многу важни европски коридори кои се пресекуваат токму во нашата земја – Коридор 8 и Коридор 10. Тие се значајни и од политичко-безбедносен, но и од економски и трговски аспект. Во енергетиката, во процес сме на изградба на интерконектор со Грција, кој ќе ни овозможи пристап до LNG гасот што доаѓа од пристаништето Александруполис, посочил министерот.

Муцунски го истакнал и значењето на односите со Унгарија, со која државата има воспоставено стратешко партнерство.

-Тоа стратешко партнерство отвори многу можности за соработка меѓу двете држави. Има значајни инвестиции од двете страни, кои ние како влади ги олеснуваме, со цел проширување на пристапот до пазарот за унгарските компании кои доаѓаат во нашата земја, но и за македонските компании кои инвестираат или работат во Унгарија. Ја гледаме Унгарија како наш стратешки партнер и важен поддржувач на европскиот пат на регионот, заклучил министерот Муцунски во своето обраќање.