Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се повлече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се повлече од челната позиција во партијата по неговиот трет мандат е потег за почит, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во телевизиско интервју на една од националните телевизии.

-Често мислев дека на крајот, претседателот Мицкоски сепак ќе донесе поинаква одлука, бидејќи логично е да не кажете дека заминувате по четири години и да продолжите, земајќи ја предвид популарноста на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, но и изборните успеси коишто ги имаше, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на премиерот и лидер на партијата да не се согласи со менување на Статутот.

Нагласи дека тој максимално ја почитува оваа одука и сметам дека и целокупната јавност треба добро да го цени тоа што тој го прави за државата.

Реклама

-Но, со него сум дискутирал често на оваа тема. Многу обемни дискусии сме имале по ова прашање. И ги разбирам неговите причини. Можеби не во целост се согласувам, но ги разбирам. Максимално ги почитувам и сметам дека и целокупната јавност треба добро да го цени тоа што тој го прави за државата и специфичната одлука којашто одлучи да ја донесе – одлука којашто нашата држава не ја памти, одлука којашто не само во европски, туку и во светски рамки ретко ја гледате, вели Муцунски.

Муцунски нагласи дека расположението во рамките на партијата била до конгресот, да се промени Статутот.

-Тоа искрено ќе ви го кажам. И принципиелноста, да, остана на дело и затоа велам – треба да го почитуваме и да го цениме тоа што го направи претседателот Мицкоски, бидејќи тој го кажува токму тоа што го кажувате и вие – дека ако сакаме да кажуваме дека сме принципиелни, прво треба да почнеме од себе, рече тој.

Прашан дали лично има амбиција да влезе во трката за иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски одговара: „Секој човек, како битие, има амбиција. Мојата амбиција, во моментот, е единствено насочена кон функцијата којашто ја обавувам – најдобро што можам да ја извршувам функцијата министер за надворешни работи и надворешна трговија. И во делот на надворешно-политичкото работење, но и во делот на привлекување нови инвестиции за државата и создавање подобар трговски капацитет. Следните четири години претседател на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски и мислам дека од моја страна би било некоректно да навлегувам во одговори на вакви прашања. Јас сум свесен, и ние сме свесни во рамките на партијата, дека и од страна на медиумите, дека и од страна на пошироката јавност, можеби ќе има таква дискусија. И нормално е да има. Но, следните четири години лидер на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски и тој ја има, и ќе ја има, нашата максимална поддршка. А мојата лична амбиција е максимално фокусирање на функцијата којашто сега ја обавувам“.