Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД

Договорот со САД околу царините ќе биде наскоро и официјално потпишан, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договорот со САД околу царините ќе биде наскоро и официјално потпишан, а доказ за тоа е предходно објавената заедничка изјава. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека САД веќе покажале добра волја , бидејќи некои македонски производи веќе се извезуваат со тарифа пониска од лани воведените 15%. Се уште се преговара за 64 производи од клучно значење и тие да добијат многу пониски тарифи, од нула до 6,5%. Министерот вели дека преговорите се предизвик и се сложени, но и очекува позитивни резултати. Поради доверливоста на процесот засега не открива кога би се склучил договорот и за какви производи со повластени стапки станува збор.

„Фактот што одлучија да ни дадат нам приоритет, на една помала држава не толку значајна за американскиот пазар од економска гледна точка, треба да бидеме реални – е директен одговор на прашањето што значат оваа посебна релација и ова стратешко партнерство со Вашингтон. Јас се надевам на добар исход. Заедничката изјава е пат кон тоа и верувам дека ќе донесе конкретни бенефити за претставниците на деловната заедница, а на крај и за нашата економија и за сите граѓани“ – вели Муцунски.

Откако претседателот Трамп лани објави првично 33%, а потоа 15% царински тарифи за Македонија, домашните извозници се соочија со предизвици. Сепак, македонскиот бизнис и во моментов плаќа пониски тарифи споредено со компаниите во регионот – вели Муцунски. Склучувањето на Договорот за реципрочна трговија треба да резултира со отворање на нови можности за извоз во САД и зголемување на тррговската размена меѓу двете земји.

Реклама

Трговската размена меѓу Македонија и САД е во постојан пораст. Минатата година таа изнесувала околу 500 милиони долари – според државната статистика. Македонија остварува суфицит во раземената.