Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мрачно сценарио: Загадениот воздух во Македонија убива луѓе, а надлежните не мрднуваат со прст, еко активистите бараат итни мерки

„Сезоната“на отровен воздух во Македонија започна, а државата не мрда со малиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сезоната“на отровен воздух во Македонија започна, а државата не мрда со малиот прст за справување со загаденоста. Чудо не може да очекуваме, велат екологистите. Тие алармираат – властите да не се однесуваат како да го заборавиле овој проблем кој со години ги гуши граѓаните. Според нив борбата со аерозагадувањето треба да трае во текот на целата година а не само во зима.Но најтрагично е, што ни во овој период никој, ништо не презема.  

“Не може да очекуваме да се случат чуда. Затоа што ништо не сме направиле како држава, ниту институциите ниту ние како граѓани даваме некој влог за да се подообри ситуацијата. Ние секоја година во истото време го констатираме тоа, иако во перидоот кога треба да се направат подготовките за да се намалува загадувањето никој не зборува за тоа, во пролет и лето никој ништо не прази за подготовка на зимата. Односно периодот кај што имаме интензивно греење, сообраќај и константно имаме палеење на диви депонии и понатаму немаме добар јавен транспорт. Значи ништо не е мрднато буквално” вели Ели Пешева, од иницијативата О-2.

Еко активистите освен што се загрижени за игнорантскиот однос на надлежните на тема загадување, тие се незадоволни и од мизерните финансии кои државата ги одвојува за оваа битка. Дополнително, во Буџетот за следната 2024 година, според експертите, ќе има историски најмалку пари за ова прашање кое влијае врз животот на сите граѓани во државава.

Реклама

“Можам да кажам дека тоа е траги комично,бидејќи таа сума досега изнесуваше околу 0,6 проценти и не можеме да стигнеме ниту до 1 процент од буџетот.Сега ќе биде уште пониска, тоа се пари кои што се наменети за различни институции, во различни проекти и ангажмани кој што треба да придонесат за намалување на загадувањето и тоа не може да се случи ако ние не одвоиме ресурси.Ние немаме инспектори на терен, немаме со што да ги платиме не можеме ниту една лабораторија да финансираме што ќе провери што со каков квалитет е.За тоа каков мазут и каков гас се користи” – кажа Пешева.

Изминативе години, Македонија беше светски шампион по загаденост. А тоа го докажува и извештајот на Европската агенција за животна средна за 2021. Каде што нашата држава е на врвот по смртност од аерозагадување. За една година 5.600 Македонци биле жртви на загадениот воздух. Според експертите, овие фрапантни податоци се најсилниот аларм за итно да се преземат мерки.

Ања Лукарова