Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

МОН: Преку јакнење на образованието на Ромите – ги јакнеме и силата на заедницата и нејзината општествена улога

Со јакнење на образованието на Ромите, ја јакнеме силата на заедницата, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со јакнење на образованието на Ромите, ја јакнеме силата на заедницата, а со тоа и нејзината општествена улога. Затоа Министерството за образование и наука е силно фокусирано на имплементирање на одредбите од стратегијата за инклузија на Ромите, кои се наша институционална надлежност во насока на обезбедување поквалитетно образование и придонес кон општествена еднаквост и социјална правда.

Ова го истакнала државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, на презентацијата на нацрт-извештајот за процена на имплементацијата на стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030, што денес се одржа во Владата.

Како што информираат од МОН, Ивановска посочила дека во изминатиот период Министерството вложило сериозни напори за зголемување на опфатот на ученици Роми во основното, средното и во високото образование, за повисока стапка на задржување и транзиција од едно образовно ниво во друго и за создавање поинклузивна училишна средина.

Реклама

– Преку континуирано зголемување на финансиската поддршка во форма на стипендии, стигнавме до бројка од 1.200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми на годишно ниво. Поддршка е и тоа што средношколците Роми може да се запишат во посакуваната струка, дури и ако имаат до 10 отсто помалку поени од предвидените во конкурсот за упис во средно – рекла Ивановска.

Таа додала и дека туторството е веќе регулирано законски и оти бројот на ромски образовни медијатори во основното образование е зголемен на 50, а првпат годинава ангажирани се и 35 медијатори во средните училишта.