Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мизрахи: Клиниката за Онкологија прекршила 37 закони и правилници кога набавувала лекови за болните од рак

Клиниката за Онкологија прекршила 37 закони и правилници кога набавувала лекови за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиниката за Онкологија прекршила 37 закони и правилници кога набавувала лекови за болните од рак. Министерството за здравство слепо се согласувало на барањата на УКРО, иако познат бил буџетот на ФЗО. Клиниката го пречекорила т.н условен буџет за над 170% иако немала согласност од Фондот. Овие поенти беа презентирани на Анкетната Комисија од страна на претседателката на ова собраниско тело, Рашела Мизрахи. Таа во обемна презентација претстави делови од извештаите на ревизорот, интерните процедури на клиниката и законите за здравствена заштита и јавни набавки, преку кои го претстави, како што рече – со докази – „внатресистемскиот башибозук кој царувал на Клиниката “.

“ Има потфрлање во планирањето и извршувањето на јавните набавки. Нема мислења од Фондот за здравство за стручните упатства. Се постапувало според пракса, а лековите субјективно ги препишувал лекарот, па тоа одело на одобрување кај директорот, што значи, субјективно се централизирала моќта и одлучувањето кој ќе добие а кој нема да добие биолошка терапија. Дали вината за протоколите е само кај директорот? Министерот за здравство мора да формира стручни комисии за разгледување на поединечните случаи за пациентите со малигни заболувања, а има и опција за телемедицински состаноци кога има пандемија со ковид и други кризи. Таа стручна комисија дискутира за третманот. Не може медицинскиот директор субјективно да одлучува, рече Мизрахи.

На пратениците од мнозинството не им се допадна презентацијата на Мизрахи, и ја обвинија за кршење на деловникот и изнесување на личен осврт на случувањата на Онкологија.

Реклама

Според опозицијата, главен виновник за скандалот на Онкологија е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, додека за пратениците од мнозинството, единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ е политичка пресметка со СДСМ и оцрнување на екс-министерот за здравство.

Ања Лукарова