Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Министерски состанок на процесот СЕДМ во Сараево, Мисајловски го истакна значењето на регионалните иницијативи за безбедноста на ЈИЕ

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, заедно со министри за одбрана од земјите од регионот учествуваше на министерскиот состанок на процесот СЕДМ чија основна цел е унапредување на стабилноста и безбедноста во регионот преку развој на воено-политичката соработка меѓу земјите членки, информираат од Министерството за одбрана.

За време на првата сесија на министерскиот состанок, министерот Мисајловски се осврнал на неколку клучни безбедносни предизвици на глобално ниво – руската агресија врз Украина и ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток, при што истакнал дека регионот, иако географски оддалечен, е под силно влијание на безбедносната несигурност и дека единственото одржливо решение е почитувањето на принципите на меѓународното право, дијалогот и мирното решавање на сите несогласувања.

– Одржливиот мир побарува сеопфатен пристап, кој вклучува многу повеќе од воени мерки, односно вклучува дипломатија, одговорност и отчетност, хуманитарна поддршка и долгорочен развој, рече Мисајловски.

Реклама

Тој додаде дека „наша заедничка обврска e следното поглавје во меѓународните односи да не биде обликувано од конфликти и екстремизам, туку од дијалог, солидарност и почит кон меѓународните норми кои ќе овозможат безбеден и праведен свет за сите.“

Во однос на иднината на процесот СЕДМ, министерот даде полна поддршка на експертската работна група која работи на концептен документ за зацврстување на релевантноста на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

– Бригадата е исклучително значајна во зајакнувањето на регионалната безбедност и стабилност и јас сум убеден дека таа ќе продолжи да ги развива целите на процесот СЕДМ“, рече тој. Како земја-домаќин на главниот штаб на Бригадата, според министерот, јасно е изразена нашата поддршка за овој процес, за кој истакна дека е „инструмент за единство и кохезија“ помеѓу земјите од регионот.

На состанокот, министрите биле информирани за активностите реализирани од последниот министерски состанок во ноември 2024 година во Тирана, при што било потенцирано дека еден од најзначајните проекти на СЕДМ е Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, чија команда до 2026 година е сместена во Куманово.

Министерскиот состанок е ко-организиран од министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, заедно со заменик-министерот за одбрана на Грција, Атанасиос Давакис, и претседавачот на СЕДМ Секретаријатот, амбасадорот Елефтериос Ангелопулос.

Иницијативата СЕДМ, формирана во 1996 година, ги обединува нашата држава, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција, Украина, САД и Молдавија. Според воспоставениот редослед, Грција ќе претседава со СЕДМ до првата половина на 2027 година, по што претседателството го презема нашата држава.

Во рамките на иницијативата функционираат и други важни проекти: SEESIM – проект за симулациски вежби, проектот „Жени лидери во одбраната и безбедноста“, проектот за интерконекција на воените болници, како и СЕДМ порталот за брза и ефикасна размена на информации меѓу земјите членки.