Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска ќе престојува во посета на Општина Струга.
Како што информираат од МЖСПП, Хоџа заедно со заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири и градоначалникот Менди Ќира, ќе изврши увид во активностите за замена на азбестните цевки – проект од исклучително значење за подобрување на водоснабдувањето со вода за пиење и зголемување на безбедноста на граѓаните.
Во рамки на посетата, министерот ќе посети и други тековни инфраструктурни и еколошки проекти што се реализираат на територијата на Општина Струга.
