Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Мицкоски за случајот со членот на неговото обезбедување: Тоа е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите, не толерирам недисцплина

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот за семејно насилство за кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот за семејно насилство за кое е обвинет член на неговото пошироко обезбедување денеска изјави дека овој случај е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите и нагласи оти тој не толерира недисциплина не само во рамките на неговото обезбедување, туку и воопшто.

– Тоа е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите, тука нема никаква дилема, така е и во овој случај. Тоа е втор случај за лице од моето обезбедување, каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети. Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира. Тоа е уште еден доказ и така ќе продолжиме и во иднина. Јас не толерирам недисциплина, не само во рамките на моето обезбедување. За волја на вистината, тој е припадник на претходницата, која не ја гледам така често и за волја на вистината сопругата е ќерка на мој колега од факултет, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање, по поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Како што беше објавено во дел од медиумите член на поширокото обезбедувањето на премиерот Мицкоски, односно дел од  т.н. претходница доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом.

Реклама

Според билтенот на МВР настанот се случил во саботата,  на 2 мај. Во 23 часот на 2 мај полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга. Таа пријавила дека во семејниот дом била физички нападната, дека ѝ биле упатени закани и дека ѝ бил оштетен мобилниот телефон. Тој бил отстратенет од работното место.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: