Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Мицкоски: За младите предвидовме проширен опфат за оперативниот план за отворање на бизниси и бесплатен пристап до научни списанија како дел од проектите кои се работат

„Проширен е опфатот во делот на поддршка на отворање на компании и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Проширен е опфатот во делот на поддршка на отворање на компании и бизниси за 460 милиони денари. Тоа ќе значи дополнително 200 млади луѓе кои ќе можат да имаа старт-ап компанија, во која ќе може да се самовработат и да водат бизнис во Македонија. Тоа е добро бидејќи ќе ги зачуваме децата дома“, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, одговарајќи на прашањето посветено на оперативниот план за вработување.

Премиерот посочи дека бројот на апликации е зголемен за 60-тина проценти и тоа покажува дека е зголемен интересот за оваа мерка.

„Што се однесува до вложувањето кај младите, јас тука ќе дадам фокус и кај студентите, за прв пат оваа Влада обезбеди бесплатно пристап до двете научни бази за научни списанија, за сите научници, без разлика дали се тоа вработени на универзитетите или се студенти. Тие ќе можат да го следат светските трендови како се развива науката. Тоа се Web of science и Scopus. Цениме дека на овој начин, тоа што беше претходно скапо и ретко кој можеше да го дозволи, сега веќе станува достапно за младите. Ќе можат преку овој тип на бази на врвни светски научни списанија да гледаат како се развива човештвото. Тоа ќе важи нормално и за професорите и асистентите кои подготвуваат магистериуми и докторати.“, дополни премиерот.

Реклама

Тоа според него треба да помогне македонските универзитети да се развиваат и барем еден од нив да биде меѓу првите 1000 во светот според Шангајската Листа.

Исто така се зголемија средствата за наука, за студентскиот оброк, се зголемија средствата за стипендии итн., а заедно пред некој ден бевме на лице место и можевме да видиме како се гради студентскиот дом „Кузман Јосифоски- Питу“ во Скопје, а наскоро ќе го посетиме и другиот студентски дом „Стив Наумов“, одговори премиерот Мицкоски на прашањето за инвестициите кои Владата ги презема за младите и дополни дека се предвидува доделување на ваучери за електронски уреди за студентите, отворање на нови универзитети, нови згради за факултети итн.