Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до православните христијани кои го празнуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до православните христијани кои го празнуваат Христовото раѓање – Божик . 

-Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит. Христовото раѓање нè враќа кон суштинските вредности што со векови го обликувале карактерот на нашиот народ. Божиќ нè потсетува дека силата на едно општество започнува во домот, дека стабилната држава се гради врз здрави семејства и дека иднината ја чуваме преку грижата за најмладите, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

Во време на брзи промени и многу предизвици, овој празник, наведува тој, нè повикува да застанеме, да размислиме и да се вратиме кон вредностите што нè одржале: солидарноста, заемната грижа и одговорноста кон ближниот.

Реклама

-Посебно место имаат семејствата и децата. Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж. Нашата обврска е да создаваме услови во кои секое дете ќе има шанса за достоинствен живот, а секое семејство поддршка и почит. Божиќ е и потсетник за важноста на единството. Само како заедница што се почитува, се слуша и си помага, можеме да одговориме на предизвиците и да градиме стабилна, праведна и сигурна држава. На сите православни христијани им посакувам мир во домовите, здравје и спокој во семејствата и сила да продолжиме уште посилно, со одговорност и со достоинство, се наведува во честитката од претседателот на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Божикната литургија што се одржа во Собортниот храм, од каде исто го честиташе Божик.

-Христос се роди, навистина се роди. На сите граѓани да им посакам пред се здравје и среќа и мир во домот. Тоа е она што ни е потребно и тоа е она кое што мислам дека е важно во годината што следи, изјави Мицкоски 

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека паричката на Бадник се паднала кај него.