Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Мицкоски: Во услови без гаранции, очекувам секаков инженеринг во ЕП

Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават – рече премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос.

-Што се однесува до верзијата од Извештајот која што е сега пред европратениците, можам да кажам дека очекувам секаков инженеринг. Не би ме изненадило ништо. Јас сум малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, секогаш. Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од  максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што прават. А тоа што го направија и се уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности – потенцира Мицкоски.

Тој подвлече дека македонскиот идентитет се и Гоце Делчев и Груев и Сандански, нешто со што вели не е сигурен дека ќе се согласи нашиот источен сосед Бугарија.

Реклама

-За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет – рече Мицкоски прашан за тоа што се прави на дипломатски план во одос на највените спорни амандмани од бугарски европратеници за Извештајот за земјава за „модерен“ (или современ) македонски јазик кои задираат во идентитетот, а којшто треба да се усвои во Европскиот парламент на пленарна сесија закажана за 8 јули.