Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Мицкоски: Штом стигнат мислењата од Советот на ЈО, ќе го избереме нашиот предлог и ќе го пратиме до Собрание

Владата ќе одлучува кој од трите обвинителки и судијата од Кривичен ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе одлучува кој од трите обвинителки и судијата од Кривичен ќе биде нов државен јавен обвинител. Позитивните мислења кои ги даде Советот на јавните обвинители ги чекаат официјално, а потоа еден од нив ќе оди како владин предлог до Собранието, потврди премиерот.

  • Чекаме да дојдат мислењата од Советот на ЈО, откако ќе дојдат официјално, ние како Влада ќе се произнесеме и ќе го дадаме нашиот предлог до Собранието“ најави Христијан Мицкоски.

В.Д. државната јавна обвинителка Анита Тополова Ислајловска, обвинителките Ленче Ристовска и Лидија Раичевиќ како и судијата Ненад Савески добија зелен картон за да ја продолжат трката за прв човек на јавното обвинителство.

Сите четворица кандидати според Советот се квалитетни и треба да добијат еднаква шанса пред Владата за да станат републички обвинител.

Реклама

Од игра отпадна Владимир Панчевски кој според членовите не го исполнува условот од 10 години непрекинат работен однос или „активен“ и „непрекинат“ стаж до моментот на пријавување. Тој пак ја објави потврдата од Кривичниот суд дека од 2008 до 2020 година има непрекинат работен стаж и смета дека законот бара само поседување на соодветниот стаж како стекнато право.

По ваквата одлука тој преку социјалните меидуми првично најави кривична пријава за членовите, а потоа побара институциите да постапат по добрен глас.

  • Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско – обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем“ напиша Владимир Панчевски – поранешен судија.

Панчевски во минатото беше осуден на три ипол годишна затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластувања поради злоупотреби со АКМИС системот, односно електронскиот систем за распределба на предмети кај судии.

Владата сега треба да се одлучи за еден од четворицата кандидати, а потоа предлогот да го достави до Собранието. Нов јавен обвинител се бира со поддршка од 61 пратеник.