Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од еден државен буџет од 6 милијарди евра

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија, истакна дека македонските граѓани треба да ја знаат вистината, затоа што СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата, а сега мудруваат, односно дека заради нивните долгови, оваа влада треба следните три години да врати претходни долгови во вредности од еден државен буџет од околу 6 милијарди евра.

Тој потенцираше дека само оваа година треба да вратиме 2 милијарди и 300 милиони евра, стари задолжувања, претходни долгови, а покрај тоа поради катастрофалното работење на минатата влада стигаат и други неочекувани долгови како што е данокот на луксуз кој минатата влада го донесе противуставно и истиот Уставен го поништи и сега оваа влада треба да го враќа.

-Следната година треба да вратиме околу 1 милијарда и 600 милиони евра со се каматите кои треба да се платат за претходни задолжувања, годината потоа 2 милијарди и 600 милиони евра. Во следниве три години ние треба да вратиме отприлика еден буџет. Немаме бафер повеќе во буџетот ние. Јамката тие кои што и ја врзаа на Македонија и на македонските граѓани, најмалку имаат право сега денес да го прават повторно ова да ги тормозат кога конечно се консолидираме и си ги сервисираме обврските, а од друга страна генерираме раст. Ова е реалноста, рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот нагласи дека и во ред е тоа што опозицијата излегува и критикува, но треба да се знае реалноста дека седум години ја празнеа државната каса, го пљачкаа народот, ја предаваа државата по сите основи, додека оваа влада ја доби довербата и го дава максимумот за македонските граѓани. 

-Македонија и македонската економија имаат најниски давачки во Европа. Имавме притисок да го зголемиме ДДВ од страна на меѓународни финансиски институции, не го направивме тоа, имавме притисок да ги зголемиме и другите даноци како што е данок на добивка да биде скалест, да не биде рамен, не го направивме тоа, од трета страна имавме притисок и да ја зголемиме возраста за пензионирање, не го направивме тоа. Ние како влада направивме се да го поддржиме бизнисот за да отвори нови работни места и тоа се случува. Кога ќе ги споредите ноември 2024 година и ноември 2025 година ќе видиме дека имате отворени нови 10 илјади работни места и токму толку има помалку невработени во државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот посочи дека владината политика вроди со резултати и имаме економски раст и се очекува годината да ја завршиме со 3,5 проценти раст, појаснувајќи дека 3,5 отсто, 3,8 проценти евентуално четири проценти е максимумот со овој капацитет на работна сила и македонската економија, затоа што во услови на војна во Украина и европскиот пазар е во криза, се вади повеќе од максимум.