Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се меѓу прашањата што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе ги предложи за лидерската средба со првите луѓе на парламентарните партии на 14 јануари напладне во Клубот на пратениците за што формална покана ќе биде испратена денеска или утре. Мицкоски претпладнево во изјава за медиумите рече дека нивен приоритет не се изборите, туку реформите и проектите. 

– Јас мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин како политички фактори ќе можеме да се обединиме, барем сите оние парламентарни партии и коалиции што имаат формирано пратеничка група во рамките на Собранието, рече Мицкоски.

Коментирајќи го одбивањето на присуството на средбата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и обвинувањата дека се бара алиби за предвремени избори, премиерот рече дека граѓаните на неодамна завршените избори јасно кажале каде е поддршката, а пред нешто повеќе од една година јасно се изјасниле која политичка опција ја поддржуваат.

Реклама

– За нас, оваа тема е апсолвирана и нашиот фокус останува исклучиво на реформите и на напредокот на државата и подобрување на стандардот за живеење на граѓаните, рече Мицкоски.   

Во одговорот на новинарското прашање по отворањето на градинката во Гевгелија, премиерот рече дека тема на оваа лидерска средба не треба да биде само Законот за Владата, односно укинување на техничката влада.

– Ако ние одлучиме така да се однесуваме незрело и неодговорно како што тој се однесува (Филипче) и, генерално, опозицијата, тогаш нам и не ни е потребна лидерска средба. Со 61 глас во парламентот можеме да го смениме Законот за Владата и да ја избришеме техничката влада, не ни треба мислењето на опозицијата. Но, ние сакаме процесот да биде инклузивен и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско во парламентот, така што ако сакавме да се однесуваме незрело како што тие се однесуваат, но и неодговорно, можевме тоа да го направиме и без таа лидерска средба, рече Мицкоски.  

На лидерската средба сакал да се разговара и за законите, кои се дел од реформската агенда, а кои ќе бидат во парламентот, меѓу кои е и Изборниот законик, потоа уште четири други закони во делот на правосудството – за јавнообвинителската и за судската служба, за јавните обвинители и за Судскиот совет. 

Според него, опозицијата е неодговорна, неконструктивна и безидејна. 

– Во ред, претпоставувам и ваквото негово (Филипче) однесување, на ваков тип на обраќање во јавноста, е составен дел од неговиот менаџерски договор што го има потпишано како претседател на СДСМ, па претпоставувам дел од обврските што треба да ги одработи, а се содржани во тој менаџерски договор, се и ваквите навреди кон Владата и одбивањето вакви средби, но тоа е негов избор. Ние сепак формално денес или утре ќе ги доставиме поканите, рече Мицкоски. 

За премиерот пораките од СДСМ се збунувачки, а однесувањето нејасно.

– До неодамна тие бараа лидерска средба, а сега кога има, ја одбиваат, рече Мицкоски.