Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Мицкоски на Светосавската свечена академија: Кога соседите се почитуваат, кога културите се надополнуваат, се отвораат нови можности и хоризонти

Премиерот Христијан Мицкoски вечерва се обрати на Светосавската свечена академија, порачувајќи дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкoски вечерва се обрати на Светосавската свечена академија, порачувајќи дека овој настан со својата духовна и културна димензија не потсетува на трајните вредности што не поврзуваат.

-Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен темелниците на балканското духовно и културно наследство заедно со светлите ликови и датуми на останатите балкански народи, објави премиерот Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тие се нашата заедничка ризница и, посочи, „ние како генерација сме должни да ја негуваме меѓусебната почит и разбирање и на тој начин да ги продлабочуваме заедничките врски како народи“.

Реклама

-Тука во Македонија со векови сме живееле токму така, како мозаик од различности, сме соработувале, сме се радувале на убавите работи, и сме тажеле заедно кога било тешко и заедно сме успевале да ги пребродиме сите предизвици. Доволно се делевме и спротивставувавме, потенцира Мицкоски.

Премиерот нагласи дека кога соседите се почитуваат, кога културите се среќаваат и се надополнуваат, тогаш се отвораат нови можности и хоризонти за заеднички проекти, но и за трговија, за инвестиции, за млади кои учат еден за друг, еден од друг.

-Тоа е нашата иднина, иднината на регионот. Ние не сме осудени да живееме еден покрај друг, туку сме судбински врзани да работиме еден за друг, еден со друг, за подобро заедничко утре, додаде премиерот во објавата.

На Светосавската свечена академија присуствуваат вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, Милош Вучевиќ, личен претставник на претседателот на Србија, вицепремиерката и министерка за економија Адријана Месаровиќ, српскиот министерот за култура Никола Селаковиќ, Ѓорѓе Миличевиќ, министер задолжен за координирање на активностите и мерките во областа на односите со Србите во регионот и дијаспората, и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.