Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но и оние кои заминале надвор. Ни треба секој родум од Македонија кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот, порача премиерот Христијан Мицкоски на форумот на повратници во државата што се одржува во Владата.

Зборувам, рече тој,  пред луѓе кои носат посебна тежина во општеството, кои ја знаат татковината и од внатре и од надвор, луѓе кои заминале, не затоа што сакале да ја напуштат татковината, туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива и, како што нагласи, најважно, луѓе кои се вратиле и тука почнале нова успешна приказна.

– Вашето враќање не е симболично туку суштинско, тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени, дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината. Сакам јасно и искрено да кажам – ние не може да им се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, борба и тешки одлуки. Знаеме дека многумина заминаа бидејќи немаа избор. Но, колку и да оди човек далеку, срцето секогаш влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ – каменот тежи на своето место, рече Мицкоски.

Реклама

Смета дека колку и да се Македонците успешни низ светот и каде и да се, секогаш ќе бидат дојденци. 

– Само дома си свој, само дома твоето име, твојот труд и твојата приказна имаат длабоки корени и трајна вредност. Вие што денеска сте тука сте жив доказ за тоа. Покажавте дека знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла, туку стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, идеи и нова енегрија во нашата економија. Земјата днес не е земја што стои во место. Македонија се менува и развива. Економијата расте, се инвестира во индустријата, енергетиката, во инфраструктурата. Се градат патишта, фабрики, капацитети кои носат додадена вредност. Се отвара простор за претприемништво, за иновации за млади, за оние што сакаат да вложат и да создаваат дом, истакна македонскиот премиер.

Како Влада, додаде, обврска им е да создадат услови, да обезбедат стабилност, правна сигурност, поддршка за инвестиции и јасна насока за развој.

– Но, ниту една стратегија, ниту еден план не може да успее без луѓе. Држава не се гради само со институции туку со умови, со знаење, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа гласно порачуваме дека ни треба секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите ви се широко отворени, рече тој.

Додаде дека не ветуваат лесен пат, туку смисла и можност да се биде дел од нешто поголемо.

– Нудиме шанса трудот да не биде само личен успех, туку придонес за заедницата и идните генерации. Домот не е совршен, тој се гради, поправа и унапредува. А нашата заедничка Македонија е токму тоа, дом што се гради и во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте доказ дека може, вие сте пример дека враќањето е сила и вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите дека каменот кога ќе се врати на своето место тежи најмногу, потенцира премиерот Мицкоски.

Форумот продолжува со обраќања на Македонци кои се вратиле во земјава, но и претставници од повеќе институции.