Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мицкоски: Голем број европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот

Голем број на европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број на европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот на Томас Вајц, изјави денеска премиерот на  Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Има голем број на пратеници кои што се членови на ЕП и кои што се јавуваат и кажуват дека нема да гласаат за тој амандман кој што ќе го поднесе некој, а кој што има за цел на талибански начин од Извештајот кој што е на маса за прв пат од осамостојувањето на нашата земја да опфати македонски идентитет и макаедонски јазик, тие нема да гласаат за да се избришат истите од Извештајот бидејќи до сега никогаш не се појавиле македонски идентитет и македонски јазик. Во изминатите 34 години независност, така што нивната цел е таа. Практично, оние што се известувачи во сенка исто така не верувам дека ќе го поддржат тој амандман, изјави Мицкоски.

Авантурата од 2022 година, инспирирана од Османи, а поддржана од Ковачевски и Маричиќ ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, вели премиерот.

Реклама

-Жалам што еве во 21 век во Европа има и такви пратеници во ЕП кој што треба да биде лулка на демократијата, каде што ќе се почитуват човековите права, идентитетот на еден малуброен народ во Европа, неговиот мајчин јазик нема да биде предмет на сопнување, но ете за жал постојат и такви луѓе. Но она кое што е важно е дека онаа авантура во 2022 година, пред се инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, рече премиерот Мицкоски.