Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мицевски: Кандидати на СДСM за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Кандидати на СДСM за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидати на СДСM за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги, рече на денешната прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски е десната рака на Заев во изборната шема за купување на гласови во Струмуца во 2014 година. Дури и италијанскиот весник „Ла Верита“ пишуваше дека постои документација во обвинителството, која се состои од извадоци од снимени разговори од кои, како што се наведува, може да се заклучи дека Заеви, отворено зборувајќи на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање на гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев, а другата од Марјан Даскаловски со назив „Даскал“. Кој стои зад Марјан Даскаловски и каков човек е тој сега е повеќе од јасно. Истото е и со кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, пратеник од СДСM, кој ги гласаше сите штетни договори на Заев и Ковачевски во Собранието. И додека извршуваше наредби на СДСM, Костовски си ја вработил сопругата во МНР тогаш управувано од Бујар Османи. И Даскаловски и Костовски се луѓе со длабоки корени во СДСM, со криминал, корупцијата и непотизмот. И Даскаловски и Костовски се луѓе кои докажале дека народот никогаш не им е на прво место, туку криминалците од врвот на СДСM, нивните теснопартиски интереси и нагонот на лично богатење, истакна Мицевски.

Со кандидати како Даскаловски и Костовски СДСM одат во сигурен пораз, додаде Мицевски.