Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Мицкоски: Ќе се обидеме да обезбедиме парламентарно мнозинство, но не по секоја цена

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува средби и разговори со други…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува средби и разговори со други политички партии за обезбедување на парламентарно мнозинство. Но предупредува дека политиката не смее да биде на ниво на пазар. Тој обелодени дека на пратеници од неговата партија им се нуделе огромни суми за да го поддржат планот за формирање на влада на СДСМ.

– За мене политиката е на ниво на филозофија, на принципи и на програмски определби и начела. Оттука сите политички чинители кои ценат дека програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на изборите, а која најголем дел тоа би била и програма на работењето на идната влада можат да ја поддржат. Ние сме подготвени да разговараме не само со БЕСА, туку со сите политички партии од коалицијата предводена од СДСМ, рече Мицкоски.

Ако не успееме, остануваме опозиција, нагласи Мицкоски, додавајќи дека без разлика дали ќе бидат власт или опозиција ќе продолжат да се борат за тоа во што веруваат, а тоа, според него, е создавање подобро општество и овозможување подобар живот за граѓаните.

Реклама

Тој нагласува дека без разлика дали ќе продолжат да делуваат како власт или опозиција првата работа што ќе ја покренат во Собранието е поднесување закон за испитување на потеклото на имот на политичарите и функционерите и на нивните семејства.

Во врска со лицата кои, како што рече им приоаѓаат на пратеници на ВМРО ДПМНЕ за поддршка за нова влада, Мицкоски истакна дека знае за кого станува збор, но не сакаше да открие, со цел, како што рече, да не го наруши процесот на преговори за нова влада.

Според него, нема ништо спорно некој да им пријде на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но да бара поддршка врз основа на програмски определби. Спорно е, рече, што им приоѓаат нудејќи им шест и седумцифрени суми, поволности за нив и нивните семејства.