Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Мицкоски: Aпелирам да помогнете да не се кочи и да се забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот на лидери на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот на лидери на ЕПП во чиј фокус е Западниот Балкан од кој дел е и Македонија. Мицкоски во своето онлајн обраќање му се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за поддршката која ја дава за проширувањето на Унијата, но и на претседателот на ЕПП, Доналд Туск со чија поддршка е организиран овој самит со фокус на нашиот регион.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е спремна да ја стави Република Македонија на брзата трака за членство во Европската Унија фокусирајќи се на клучните проблеми на државата за кои се потребни суштински решенија.

“Во оваа смисла разбираме дека мора да ги завршиме домашните задачи. Ова значи справување со корупцијата на високо ниво, воспоставување функционален систем на владеење на правото, одговорност и зајакнување на нашиот политички и судски систем, така што тој ќе биде транспарентен и ќе обезбеди рамка со која се дава правна сигурност. Ова може да се постигне и следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на овие принципи” –  вели Мицкоски.

Реклама

Мицкоски и покрај тоа што има сериозни пропусти од актуелната власт апелираше да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Унијата, и оценувањето на нашиот напредок да се базира на стандардите, вредностите и принципите на ЕУ.

“Aпелирам да помогнете да се забрза процесот на спроведување на првата Меѓувладина конференција што ќе овозможи започнување на пристапни преговори со Европската Унија. Ние, ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да ги поставиме преговорите на брза патека врз основа на најважните стандарди, вредности и принципи на ЕУ” –  истакна Мицкоски.