Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Меџити за најавената реконструкција на Владата: Деновиве треба да разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори и имиња

 По најавите за реконструкција на Владата во втората половина на јуни, копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња.  Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 По најавите за реконструкција на Владата во втората половина на јуни, копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња. 

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје, Меџити рече дека во договор се со партнерите во Владата оти ќе има реконструкција.

– Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму – изјави Меџити.  

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски, завчера, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новиот базен „Карпош“, најави дека во втората половина на јуни ќе седне со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата.

– Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика за идната структура – рече Мицкоски. 

Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања.

– Планираме овие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори – додаде Мицкоски.