Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Манасиевски: Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако периодот од една година, не е многу за промени во здравството сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, направи крупни чекори кон градење на промените во здравството.

Прво што направи Владата е укинување на економските директори и проширување на позитивната листа на лекови со нови девет. Во финален процес е вработувањето на 300 специјализанти, а за најкраток рок ќе следи и вработување на уште 300. До крајот на мандатот, платите на здравствените работници ќе се зголемат за 40%, а веќе се зголемени и капитационите бодови на матичните доктори, стоматолозите и гинеколозите“, потенцира во изјавата.

Реклама

„Порано парите одеа за тендери на блиски луѓе на Филипче и на провизии за него, сега парите од Буџетот одат за медицинска опрема и модернизирање на здравствените оддели во Велес, Прилеп, Битола, Куманово, Скопје и други градови. Се набави и компјутерски томограф со систем за инсталација во хибридна сала за потребите на ЈЗУ УК за Кардиохирургија.

Се направија и доста други работи кои за една година можеби се малку, но се чекор повеќе од она што изминативе 7 години СДСM и ДУИ го направија здравството.

Наместо европско здравство како што тие ни ветуваа, ние добивме здравство без лекови, доктори без покачени плати и здравствен персонал кој чека вработување“, рече Манасиевски.

Оваа слика се променува. Потребно е време, но со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој проблем ќе биде решен. Затоа што ние ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, додаде тој.