Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Манасиевски: На проевропскиот СДСМ најблиски им се проруските бизнисмени Онишченко, Борче Марковски и Дака

СДСМ и Венко Филипче упорно се трудат да се претстават како проевропска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче упорно се трудат да се претстават како проевропска опција, додека најблиски им се проруските бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во времето на владеењето на менторот на Филипче, Зоран Заев, овие проруски бизнисмени добиваа тендери, плацеви, па дури и државјанства само поради соработката и блискоста со Зоран Заев.

СДСМ и Филипче се проевропски ориентирани само на хартија, а во реалноста се сосема поинакви. Доказ за тоа е злоупотребата на Европското знаменце во Собранието кога тие беа на власт, за што добивавме негативни извештаи од Брисел.

Реклама

Кога СДСМ и Филипче говорат за Европа, се потсетуваме на нивните ветувања за бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето ова добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ.

СДСМ и Филипче се антипод на Европа. Тие се партија која е полна со корупција и криминал.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на достоинствен, чесен и исправен начин ќе ја внесе Македонија во ЕУ.