Реклама

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Македонија

Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа, а правдата никаде ја нема

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-сконференција.

Наместо независно и ефикасно судство, граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но речиси никогаш не се добива.

Судството треба да биде стожер на правдата, а не алатка во рацете на поединци и политички групи. Граѓаните плаќаат, а за возврат добиваат нефункционален систем кој не ја штити вистината, туку ја одложува. А понекогаш, таа воопшто не ни стигнува.

Реклама

И токму затоа, иако Македонија процентуално издвојува најмногу средства од БДП за правосудството во регионот и Европа, судиите кои земаат и до три просечни плати, а некои и повеќе, сепак бараат уште. А резултати нема. Нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи. Плаќаме најмногу, а добиваме најмалку. Клучното прашање е дали овие луѓе заслужуваат повисоки плати? Реформи мора да има.