Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Манасиевски: Корумпираните поединци од судството се штитат едни меѓу други од одговорност, Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци или партии. Да разјасниме за јавноста, ваков е случајот на поранешната претседателка на Судскиот Совет, Весна Дамева која беше и дел од партиски комисии на СДСМ пред да стана дел од правосудството, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Весна Дамева, која работеше единствено по насока на СДСМ, а во тоа време на менторот на Филипче, Зоран Заев, на затворена седница на Судскиот Совет, сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев кој требаше да стане член на Судскиот Совет.

Постапката која требала да се води против Ѓорѓиев, била чувана во фиока со години, а со помош на Весна Дамева таа постапка зад очите на јавноста била сопрена со што тогаш се озвоможи Наќе Ѓорѓиев да стане член на СС.

Реклама

Наместо квалитетни и компетентни кадри да си ја извршуваат работата на судии и обвинители, поради вакви случаи како Дамева и Ѓорѓиев, чесните кадри во правосудството не можат да дојдат до израз.

Колку свои луѓе имаат Дамева и Ѓорѓиев во судството за да продолжат да работат за нивен интерес, а во превод штитење на кадри или блиски лица на СДСМ? Зошто граѓаните да одвојуваат се повеќе пари од своите џебови? За да можат вакви поединци да го уништуваат и узурпираат судскиот систем?

Граѓаните не заслужуваат оние што треба да ја донесат правдата, да бидат активни чинители на неправдата. Тие треба да бидат адекватни луѓе, луѓе со кредибилитет.