Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

„Магијата е во знаењето“ продолжува во Струмица: Петта панел-дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“

Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука денеска продолжува со својот караван во Струмица. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица.

Во панел-дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, свои мислења и искуства ќе споделат и Стојне Митева, психолог и гешталт терапевт при ООУ „Маршал Тито“ – Муртино, Струмица, Трајче Бјадов, наставник по македонски јазик при ООУ „Герас Цунев“ – Просениково, Струмица, како и Архелос Туранов, директор при ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица и Мери Доневска Костуранова, родител и претседател на Совет на родители при струмичкото СОУ „Јане Сандански“.

– И овој настан ќе претставува можност за споделување идеи, добри практики и инспиративни искуства за тоа како заедно да создадеме генерации кои размислуваат критички, се водат од вредности и дејствуваат храбро, се посочува во информацијата за настанот.

Реклама

Настанот ќе може да се следи и во живо на YouTube каналот на Министерството за образование и наука: https://youtube.com/channel/UCzOX1KEu6ZBm14DqFasVMjA?si=MWcOfrO5OjMDZd_O.