Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Лишени од слобода двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот со 1,52 промили алкохол во крвта

Лишени биле од слобода двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лишени биле од слобода двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот со 1,52 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 23:50 часот на улицата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Н.М., на возраст од 38 години од овој град. При сообраќајна контрола, тие сопреле товарно возило „мазда“ со кавадаречки регистарски ознаки, што тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување – појаснија од СВР – Велес.

Претходно, во 19:15 часот на улицата „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода С.С., на 67-годишна возраст од овој град.

Реклама

– При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.С. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта – соопштија од СВР – Велес.

Оттаму информираа дека по насоки од јавен обвинител, двајцата биле приведени во полициска станица, возилата биле привремено одземени и по документирање на настаните, против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.